Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јуратовиќ: Новата влада има огромни задачи, но тие се совладливи

Јуратовиќ: Новата влада има огромни задачи, но тие се совладливи

Новата влада има огромни задачи, но тие се совладливи, оценува германскиот пратеник Јосип Јуратовиќ, член на Бундестагот од редовите на СПД во интервју за Дојче веле.

Тој вели дека социјалдемократите се соочени со големи предизвици: да се надмине поделеноста во земјата, да се подобри економската ситуација, согласно принципите на правната држава да се истражат дејствата на претходната влада.  Според него, тоа се огромни задачи, но тие може да се совладаат со поддршка на македонските граѓани и цивилното општество.

„Политичката криза засега е завршена, но економската и социјалната криза траат и натаму. Демократската промена на власта беше основен предуслов за земјата да излезе од криза. ВМРО-ДПМНЕ го затру општеството со ужасно подгреан етно-национализам. Сега новата влада мора со умна стручна работа да ја смири ситуацијата, како во земјата, така и во меѓународни рамки“ - изјави Јуратовиќ. 

Тој очекува социјално праведна и напредна Македонија. 

Слично

Поврзани вести