Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јуратовиќ: Арбитражна комисија да го реши спорот помеѓу Скопје и Софија

Јуратовиќ: Арбитражна комисија да го реши спорот помеѓу Скопје и Софија

Јосип Јуратовиќ, пратеникот во германскиот Бундестаг од Социјалдемократска партија и водач на пратеничката група за Западен Балкан, сугерира за време на словенечкото претседавање со Унијата, преговорите да почнат, а спорот меѓу Софија и Скопје да го решева арбитражна комисија.

– Треба да се бара решение, штотуку разговарав со колегите од Словенија, бидејќи земјата го презема претседавањето со ЕУ, да се понуди некое решение – на пример да се отворат претпристапните преговори, а недоразбирањата меѓу Бугарија и Северна Македонија да ги одработи некоја стручна арбитражна комисија. Таков беше случајот со Словенија и Хрватска по прашањето за границата, кој како што гледате позитивно се реши. Такво нешто треба да се понуди за решавање на проблемот меѓу Бугарија и Македонија за да и се отвори патот на Македонија. На крајот на краиштата Македонија со претпристапните преговори не се зачленува во ЕУ, туку оди по пат на зачленување, изјави Јуратовиќ во интервјуто за Тв Клан.

Тој смета дека со ветото поради овој билатерален спор на некој начин се казнуваат проевропските влади на Западен Балкан и им се даваат аргументи на националистите. Јуратовиќ сепак признава дека освен Бугарија, има и други сили кај поедини земји членки на ЕУ кои се против проширувањето.


Слично

Поврзани вести