Јункеровата турнеја не донесе решение за Македонија
Јунекеровата турнеја не донесе ништо ново во однос на решенија.
Првиот човек на Европската комисија, Жан Клод Јункер ги пренесе истите пораки кои и политичарите и јавноста добро ги знае.
Политички изјави преку кои беа повторени старите пораки, анализираат упатените по завршувањето на балканската турнеја на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Држете се до реформите и решавајте ги проблемите со соседите ако сакате да бидете дел од ЕУ, порача Јункер, пишува Слободна Европа.
Балканската турнеја на првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер имаше повеќе политичко значење и во таа смисла не донесе ништо ново од она што веќе го знаевме во однос на стратегијата за идното проширување.
„Она што сепак го видовме е дека Јункер даде една политичка изјава повторно, а тоа е дека делумно нашите политичари ја сфатиле неговата порака, која цело време се пренесува, а тоа е дека треба да се држиме до реформите“, изјави Александра Ивановска, од Институтот за европска политика.
