Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер: Ако ЕУ се распадне, на Балканот ќе има војна

Јункер: Ако ЕУ се распадне, на Балканот ќе има војна

Ако ги оставиме сами, Босна и Херцеговина, Република Српска, Македонија, Албанија, ќе има повторно војна, предупредил шефот на ЕК, Жан-Клод Јункер. 

Јункер го предупреди американскиот претседател, Доналд Трамп дека има опасност на Балканот да избувне нова војна, ако ЕУ престане да постои, вели во интервју за весникот. „Фајненшл тајмс" шефот на ЕК.

Во интервјуто Јункер изразува загриженост од позитивните реакции на Трамп по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.

„Му реков на потпретседателот да не зборуваат на тој начин. Да не поттикнуваат и другите земји да ја напуштат, бидејќи ако ЕУ се распадне на Западен Балкан ќе има нова војна "- вели Јункер. 

Јункер инсистирал исто така на земјите од Западен Балкан да им се понуди јасна перспектива за членство во ЕУ.

Слично

Поврзани вести