ЈУНИ Е МЕСЕЦ НА СТАРИТЕ ОДМОРИ: Директорот на Ендокринологија, д-р Арѓент Муча избра една од најпосакуваните дестинации
Во јуни нашите
граѓани ги користат последните денови од ланскиот годишен одмор. Во овој период
сведоци сме на фотографии постирани на социјалните мрежи од плажите во Грција,
Халкидики, но и островите, патувања низ европските градови...
За разлика од повеќето, д-р Арѓент Муча од Гостивар, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија и дијабетес, избра една од најпосакуваните туристички дестинации. Вљубеник е во Куба, земјата на Че Гевара, Фидел Кастро, и секако литературниот великан Ернест Хемингвеј, кој последните 20 години од животот твореше токму на овој остров во Атлантикот.
На својот профил на Фејсбук тој објави 50-тина фотографии на кои се гледа центарот на Хавана, препознатливата и единствена архитектура, старите возила, муралот и куќата на кубанскиот револуционер Че...
