Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЈУНАЦИ“ КОИ СЕ ПАЛАТ НА ТУЃ СТРАДЕЖ И КРВ: Од „Лајка“ без пардон-објавија фотографии од лица чии кучиња учествуваат во организирани борби

„ЈУНАЦИ“ КОИ СЕ ПАЛАТ НА ТУЃ СТРАДЕЖ И КРВ: Од „Лајка“ без пардон-објавија фотографии од лица чии кучиња учествуваат во организирани борби

Од Јавното претпријатие „Лајка“, на својот фејсбук профил објавија фотографии од сопственици на кучиња, кои учествуваат во организирани борби.
„ Нов доказен материјал со нови "јунаци" кои се палат на туѓ страдеж и крв, и кои јавно се фалат со своето апла прекршување на законите за кое нешто не само прекршочно но и кривично се одговара.

И зошто ги има нови? Затоа што институциите потфрлаат, оние кои должни се да доведат ред и законие во нашата земја ги нема нигде и никаде за примена на законите во дело, за вршење контроли, санкции и казни, со која инертност и селективност праќаат сигнал ваквите морбидни ликови да се множат и дополнително силат како тоа "никој ништо не им може", како тоа "се над законите".

За случајот со борбите во Охрид и натаму молк, и нема никаков абер дека некој кривично одговарал, иако и повеќе од јасно беше кои ликови беа (најверојатно и сѐ уште се) вклучени во таквите грозоморија“ напишаа од претпријатието. 



Слично

Поврзани вести