Економија, финансии, бизнис

Контакт

Југохромци ќе бараат чаре за компанијата на средба со премиерот

Југохромци ќе бараат чаре за компанијата на средба со премиерот

Синдикатот на ЈугоХром извести дека во недела ќе имаат средба со премиерот Зоран Заев.

Според најавата до медиумите на средбата ќе се разгледува барањето на синдикалната организација за повторно започнување со работа на компанијата „Југохром Алзар“ Јегуновце .

Во априлското барање за средба, оттаму наведоа дека раководството гарантира дека до крајот на оваа година, 70 % од филтрите и системот за отпрашување ќе бидат поставени.

Печките на оваа компанија беа изгасени во ноември 2016. Оттогаш без работа поради ставен клуч на врата останаа над1200 вработени.
Од 1 ноември, Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затварање на „Југохром“ бидејќи во предвидениот рок, кој истече на 31 октомври оваа година, се’ уште ги немаше поставено филтрите за отпрашување на воздухот. Локалната власт ја поддржа оваа одлука, со образложение дека работата на оваа фабрика во зимскиот период претставува проблем за сите граѓани од овој регион.
Дали затворањето на фабриката „Југохром“ која што е извор на егзистенција на навистина голем дел на граѓаните во Тетово и тетовско е вистинско решение за проблемот, допрва треба да се почувствува, иако последните информации не одат баш во тој прилог. 

Слично

Поврзани вести