ЈСП УШТЕ ВОЗИ СО НАМАЛЕН КАПАЦИТЕТ - директорот тврди дека се подготвени да пуштат уште автобуси
Јавното сообраќајно претпријатие е подготвено да го зголеми капацитетот на автобусите во градскиот превоз, изјави за ТВ 24 Кристијан Чушков, директор на ЈСП.
Очекува финансиска поддршка од Владата.
„ЈСП е подготвен, ние и претходно возевме на 50 отсто, потоа се зголеми капацитетот на 75 проценти. Ние сме подготвени да пуштиме во секој момент повеќе автобуси и да го испочитуваме договореното со Комисијата за заразни болести. Ние претходно, на почетокот, возевме со 50 отсто. Сега на некои линии возиме со саботен возен ред, а на ударните линии возиме со делнички летен возен ред. Отприлика пуштаме 180 автобуси. Во нормални услови сме пуштале по 283 автобуси. Ви кажувам дека ние по валидации, односно по број на патници, бидејќи ги гледаме колку се патниците, многу ретко има во некои автобуси, и тоа во раните утрински часови кога се оди на работа, повеќе од 70 патници, тоа многу ретко се случува. И таму интервенираме со вонредни линии и веднаш пуштаме автобуси, плус линија. Има фотографии што се појавуваат на интернет, но според валидации, немаме сретнато на една линија повеќе од 50 валидации. Би ги замолил сите што се возат во автобусите да се валидираат, бидејќи ние немаме над 50 патници, немаме точна бројка“, вели Чушков.
Додава дека ова јавно претпријатие трпи загуби, а чека помош од Владата со ребалансот на буџетот, со цел да се затворат некои долгови.
Чушков вели дека освен во пиковите кога луѓето одат и се враќаат од работа, во другиот период од денот обично автобусите се празни.
