Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈСП СО ИЗМЕНИ НА ВОЗНИОТ РЕД - еве како и кога нема да возат автобусите

ЈСП СО ИЗМЕНИ НА ВОЗНИОТ РЕД - еве како и кога нема да возат автобусите

Јавното сообраќајно препријатие информира дека од утре, среда (8.04.2020 год) согласно одлуката на Владата за забрана за движење на сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од16 часот до 5 часот во понеделник, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.

Јавниот превоз нема да функционира од петок (10.04.2020 год) од 16 часот, до понеделник (13.04.2020 год) до 5 часот.

Во истиот период нема да работат билетарниците и центрите за персонализација.

Утре, среда (8.04.2020 год), јавниот превоз ќе функционира од 5 часот, по саботен возен ред.

Исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Слично

Поврзани вести