Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈСП Скопје бара субвенции од Владата за автобусите кои возат на метан

ЈСП Скопје бара субвенции од Владата за автобусите кои возат на метан

ЈСП Скопје ќе бара субвенции од Владата затоа што цената на метанот лиј погон го користат автобусите се зголеми за повеќе од двојно за кратко време.

На метан возат 33 еколошки автобуси кои беа набавени од МАН, а цената на метанот од 50 се искачи на повеќе од 100 денари. Набавката финансирана од ЕБОР изнесува 10 милиони евра, а наскоро треба да се изврши исплата на првата рата од еден милион евра во спротивна насока.

Ова го потврди директорот на скопското јавно претпријатие Иван Илиевск, кој смета дека ЈСП Скопје и онака е во лоша финансиска состојба.

- Бараме Владата да ја субвенционира разликата на цената на метанот или да ја замрзне на нивото на таа од декември, односно да застане во заштита на ЈСП Скопје, како компанија од јавен интерес и најголем корисник на метанот“, истакна Илиевски на денешната средба со новинарите, по последното покачување на цената на метанот за речиси 130 отсто.

Илиевски побара од Регулаторната комисија за енергетика да влијае на цената. Цената на билетот не би поскапел, но би се редуцирал возниот ред.


Слично

Поврзани вести