Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈСП: Платите се на одобрување, постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза

ЈСП: Платите се на одобрување, постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза

Од Јавното сообраќајно претпријатије(ЈСП), велат дека платите на вработените се на одобрување. 

По најавениот прекин на јавниот градски превоз за утре, поради неисплатени плати, од Јавното ЈСП Скопје, излегоа со став дека платите на вработените не доцнат. Оттаму тврдат дека „платите се исплаќаат редовно во тековниот месец“ правејќи споредба со други институции каде се доцни.

„Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“, се наведува во соопштението од ЈСП кое го пренесува државната агенција МИА.

Синдикатот на ЈСП,  на прес-конференција денеска попладне најави дека од утре (16 февруари) од 4:30 ќе нема градски превоз во Скопје.

И претходно, имаше проблеми и прекини во превозот поради неисплатени плати. 

Слично

Поврзани вести