Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, велат од ЈСП. 

Приватниците и Кушовски денеска практично одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот. Во меѓувреме, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван. Претходно тие имаа најавено рестрикции на превозот. 

Возачите кажаа претходно во текот на денот дека немаат пари за гориво. 

Слично

Поврзани вести