Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈСП го враќа стариот сајт - Зошто да биде едноставно кога може да се комплицира

ЈСП го враќа стариот сајт - Зошто да биде едноставно кога може да се комплицира

Јавното сообраќајно претпријатие им предизвика огромни главоболки на скопјани со новата верзија на веб сајтот кој доби помодрерна, но и непотребно прекомплицирана верзија за следење на возниот ред на градските автобуси. 

Наместо да понуди поголема ефикасност и прегледност сега веб сајтот е тежок за користење што најмалку ви треба кога се брзате да видите кога е следниот автобус на вашата постојка. Затоа по жалбите на граѓаните од ЈСП донеле одлука да ја вратат старата верзија на интернет страната. 

– Ќе го вратиме стариот распоред. Имавме голем број поплаки за новиот дека е комплициран. Сакавме да им олесниме на корисниците на јавниот превоз и да ги подобри услугите. Во новата апликација имаме точно време во колку часот автобусот доаѓа на секоја постојка, додека во стариот само тргнувањето од последните станици. Но бидејќи граѓаните не се задоволни, од сега на нашиот сајт ќе стојат двата распореда, изјави Игор Јанушев, директор на ЈСП „Скопје“.

Слично

Поврзани вести