ЈСП го враќа хартиениот билет за едно возење
Од септември ЈСП во своите автобуси и автобусите на приватните превозници ќе го врати хартиениот билет за едно возење.
Мета.мк пишува дека ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие денови тече периодот на жалби од останатите понудувачи, по што и официјално ќе биде склучен договорот. Советот на град Скопје треба допрва да ја утврди цената на билетот за едно возење, по што претстојната есен хартиениот билет ќе може повторно да се купи во автобусите.
Оваа новина е само една од бројните поволности што од наесен ќе ги добијат корисниците на скопскиот јавен превоз.
Целата вест можете да ја прочитајте овде.
