„ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА НЕ ПРЕЗЕМААТ ОДГОВОРНОСТ“: Фекална канализација изградена на диво го извади Јакимовски на терен
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, излезе на терен во Нерези, каде жителите реагираат на диво приклучена фекална канализација која се затнува и шири неподнослива миризба. Јакимовски тврди дека Водовод и канализација не преземаат одговорност за канализацијата.
„Во делови од населбата Нерези, граѓаните подолго време се соочуваат со тежок проблем – фекална канализација изградена на диво пред повеќе децении, која често се затнува и шири неподнослив мирис, особено во лето.
ЈП Водовод и канализација не преземаат одговорност.
Затоа лично излегов на терен, за да се запознаам со состојбата одблиску и да почнеме да бараме решение.
Ситуацијата е сериозна – на одредени места канализацијата поминува под постоечки објекти, што ја отежнува интервенцијата. Но:
Постои можност да се најде системско и одржливо решение преку реконструкција и адаптација.
Ова е прашање на јавно здравје, хигиена и достоинствен живот – и ќе го третираме со целото внимание кое го заслужува!“, напиша тој.
Слично
