ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење
Во врска со прекинот на водоснабдувањето на детската болница Козле, ЈП Водовод и канализација-Скопје ја информира јавноста дека нивни екипи извршиле комплетен увид на терен и констатирале дека причина за прекинот не е во нивна надлежност.
Односно, како што велат, станува збор за дефект на водоводната инсталација која е во сопственост на болницата.
„За наведеното, известени се надлежните во болницата и истите треба да го санираат дефектот на внатрешната водоводна инсталација.
И покрај нашите АПЕЛИ, во текот на увидот констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење, со полевање на парковската површина во склоп на болницата, додека се занемарени примарните работни активности на истата.
Самото тоа укажува на фактот дека и покрај обвинувањата од раководството на болницата, ЈП Водовод и канализација - Скопје нема никаква вина поврзана со прекинот на водоснабдувањето и ги отфрла сите обвинувања.
И покрај горе наведеното, ЈП Водовод и канализација-Скопје со оглед дека станува збор за сензитивна работа, излезе во пресрет и постави цистерна со питка вода пред самата болница“, велат од ЈП Водовод и канализација.
