ЈП Комунална хигиена: Заштитните маски да не се фрлаат на јавни површини
Скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ апелира дека градската служба во псоелдните неколку месеци се соочуваа со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини или пак несоодветно спакувани ги оставаат во садовите наменети за комунален отпад.
„Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси“, велат од претпријатие.
Директорот Абдусамед Шабани апелира употребените заштитни маски да се одлагаат правилно и совесно и тие да бидат соодветно спакувани, со цел да се заштити здравјето на вработените во претпријатието коишто секојдневно доаѓаат во контакт со овој потенцијално контаминиран отпад и воедно да се намали ризикот од ширење на вирусот Ковид-19.
