Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јово Вангеловски разрешен како претседател на Врховен суд

Јово Вангеловски разрешен како претседател на Врховен суд

Советот на судии на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд поради неговата непрофесионална работа. Ќе остане запаметен по толкувањето на овој суд според кое не треба да има разрешница за истрагите на СЈО отворени по јуни 2017. За вршител на должност на негово место е назначен Фаик Арслани.

Седницата каде беа предвидени повеќе точки од дневниот ред, започна во 10.30 часот и заврши во 13.30 часот. Тричлената комисија за разгледување на извештајот за разрешување на Вангеловски беше составена од Лидија Каначковиќ, Владо Богдановски и Сашо Ѓорѓевски.

Вангеловски беше повикан во скопското обвинителство под сомнение дека манипулирал со системот за распределување на судски предмети АКМИС и работното време на судиите, но не беше под истрага од обвинителството.


Слично

Поврзани вести