Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јово Вангеловски повикан во ОЈО

Јово Вангеловски повикан во ОЈО

Шефот на Врховниот суд Јово Вангеловски ја доби поканата за распит во Обвинитеслтвото во својство на сведок. Самиот судија ја потврдил инфомацијата за 1ТВ, но не сакал да открие кој ден ќе ја даде изјавата во Обвинителството. 

Вангеловски ќе одговара на прашањата на двајцата јавни обвинители околу електронското распоредување на судските предмети.

Како што веќе 1ТВ објави, еден од повиканите во Обвинителството е осомничен за злоупотреба на АКМИС системот за распределба на судските случаи, додека преостанатите, пак, меѓу кои и судии, инфоматичари и административци се повикани во својство на сведоци.

Лани во декември министерството за правда откако преку работна група ги провери АКМИС Системите во Кривичниот, Апелацискиот и во Врховниот суд, извештајот со забележаните нерегуларности ги достави до Обвинителството, СЈО и до Судскиот совет, 

Слично

Поврзани вести