Јово Вангеловски повеќе не е адвокат
Доскорешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, е избришан од регистарот на адвокати на Адвокатската комора поради друг начин пропишан со закон. Вангеловски е адвокат од 1996 година.
Поранешниот претседател и судија на Врховниот суд во март беше правосилно разрешен од функцијата претседател на Врховниот суд поради несовесно вршење на функцијата, откако неговата жалба беше отфрлена
„Со Решение бр. 04-351 од 05.05.2020 година на Адвокатска комора на Р.М. Скопје , се констатира дека Адвокатот запишан во Именикот на адвокати под ред.бр.183 од 01.09.1996 година, се брише од Именикот на адвокатите сметано од 30.04.2020 година,поради откажување од вршење на адвокатска дејност“, се вели во регистарот.
Вангеловски е роден во 1960 година.
