„ЈОВИЦА ИЛИЕВСКИ ОД ДПМНЕ ЈА БРАНИ ИРЕДЕНТИСТИЧКАТА ПРИРЕДБА ВО ЧЕЛОПЕК“: Левица бара санкции
Политичката партија Левица изрази силна осуда за изјавите на градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој според нив, наместо да преземе одговорност, го брани скандалозниот настан.
Во реакцијата, Левица потенцира дека приредбата, одржана по повод Денот на албанското знаме, вклучувала промоција на насилство и нетрпеливост, што е спротивно на принципите на воспитно-образовниот процес во македонските училишта.
Се поставува прашањето:
Дали градоначалникот е запознаен со Наставниот план и програма и со Законот за
основно образование? Каде е предвидено славење на симболи и содржини кои го
нарушуваат уставниот поредок и унитарноста? Наместо воспитување на култура, знаење
и почит кон државните симболи, ваквите настани предизвикуваат поделби и
нетрпеливост меѓу децата.
Приредбата со оружја за Денот на албанското
знаме не е во согласност со македонскиот образовен систем и претставува грубо
кршење на принципите на воспитно-образовниот процес. Одговорноста на
градоначалникот и раководството на училиштето е очигледна, но наместо санкции,
Илиевски одлучува да го игнорира револтот на јавноста и целосно да премолчи за
повредата на законите.
Ги повикуваме сите надлежни институции,
вклучувајќи го и Министерството за образование и наука, да преземат итни мерки
за расчистување на случајот и санкционирање со цел ваквата пракса да не
продолжи во иднина. Ова не е прашање на политика или лични интереси, туку на
заштита на образовниот систем и зачувување на националните интереси. Секој што
ќе го занемари ова прашање, директно придонесува за зголемување на поделбите и
нарушувањето на меѓуетничките односи.
Националното достоинство мора да биде заштитено,
а најмладите мора да растат во средина која ги промовира мирот, почитта и
единството, наспроти насилството, поделбите и конфликтите, се наведува во реакцијата
на Левица.
