Јовески за Русковска: Не гледаме основи за покренување на дисциплинска одговорност
Во овој момент не гледаме основи за покренување на дисциплинска одговорност на јавниот обвинител, но ќе почекаме да видиме што ќе заклучи Советот на јавни обивнители, изјави републичкот јавен обвинител, Љубомир Јовески за СМС пораката на обвинителката Вилма Русковска до судија откако поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, со одлука на Апелација отиде во домашен притвор.
„Останувам на официјалниот став на обвинителството“, вели Јовески.
Од Советот за јавни обвинители, велат дека тие како Совет не може да утврдуваат одговорност, туку тоа го иницира републичкиот јавен обвинител.
Обвинителката од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, испратила писменото образложение за нејзината СМС порака. Таа во пораката напишала „Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите. СМС пораката ја објави Апелациониот суд Скопје.
