Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовески: За иста работа два пати се делеле надоместоци во СЈО

Јовески: За иста работа два пати се делеле надоместоци во СЈО

Првичните согледувања околу исплатите на бонусите во СЈО покажале дека за иста работа два пати се делеле надоместоци во СЈО, изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. 

Вели дека сомнение фрла тоа што додатоците за плата биле класифицирани информации. 

„Втората насока е дека платите и надоместоците се регулирани со законите. Како што е познато јавните обвинители по три основи имаат додатоци кои не може да надминат 35% од плата, односно трите вида додатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа. Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, дека на пример еден секретар, има поголема плата од претседателот на државата. Дали е тоа оправдано, логично, треба да процениме. Со ова не ја прејудицирам постапката што обвинителството ја води“, рече Јовески.

Платата на обвинителите во СЈО која како институција да гони најтежок криминал делумно заради самата природа на кривичните дела, делумно заради субјектите кои учествуваат во нив и тоа во најтешкиот период во државата изнесуваше 1300 евра, односно беше за 300 евра повисока од платата која ја примаа обвинителите во другите обвинителства, изјави вчера обвинителката Фатиме Фетаи, додавајќи дека за таа плата обвинителите од СЈО постапувале пред Основните, Апелационите и пред Врховниот суд.

Слично

Поврзани вести