Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовески: Врховен суд не може да одлучува за СЈО, мислењето не е обврзувачко

Јовески: Врховен суд не може да одлучува за СЈО, мислењето не е обврзувачко

Љубомир Јовески, главниот државен обвинител, за СДК вели дека Врховен суд не може да носи одлуки за судбината на Специјалното јавно обвинителство, по вчерашното издадено мислење дека од таму не треба да се отвораат случаи и нови истраги по истекот на првично договорениот рок за работа од 18 месеци., односно дека не треба да важат оние по 30 јуни 2017-та.

Тој вели дека актот како мислење не е обврзувачки за судиите кои работат на случаите како „Талир“ и „Империја“.

„Врховниот суд може да носи начелен став кога има различна судска пракса во врска со примената на член на закон, а тука нема различна судска пракса, предметите на СЈО ги суди еден суд, Основниот суд Скопје 1, по единствена судска пракса. Никако не смее да расправа и зазема начелни ставови или мислења по иницијатива на граѓани. Оттука, не сум баш сигурен дека судиите од Основниот суд Скопје 1, па и од Апелациониот суд Скопје, ќе го земат за обврзувачко ова мислење кое вчера надвор од ингеренциите го изгласаа врховните судии“, вели државниот обвинител Љубомир Јовески.

Врховниот суд без дискусија на барање на одбраната на обвинетите од прислушкуваните материјали  одлучи дека по истекот на 18 месеци од преземањето на бомбите СЈО не требало да отвора истраги и да бара покренување на судски процеси и обвиненија.


Слично

Поврзани вести