Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовески: ВМРО-ДПМНЕ е под импресија од СЈО

Јовески: ВМРО-ДПМНЕ е под импресија од СЈО

Љубомир Јовески, првиот човек на Основното јавно обвинителство, за Дојче Веле изјави дека барањата на опозицијата за ново СЈО се повеќе поради импресии од неговото формирање во 2016-та отколку реалните потреби за нов таков ад-хок орган. Републичкиот јавен обвинител вели дека неговата институција не трпи политички влијанија ниту притисоци 

„Досега не сум имал ниту политички влијанија, ниту политички притисоци. Одговорно тврдам дека ни другите обвинители досега не се пожалиле на влијание од политиката во нивното постапување и донесување одлуки“, вели за ДВ Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Во однос на барањата на опозицијата за нова обвинителска институција, Јовески вели дека тоа е нивна политичка битка.

„Легитимно право е да имаат критички став кон работата на Јавното Обвинителство. Но, одговорно тврдам дека нема основа за тоа, бидејќи Обвинителството постапува и отвора предмети за сите случаи во кои има сознанија за сторено кривично дело. Тие веројатно се под импресија на тоа што беше претходно, во периодот на 2015 година, кога се конституираше СЈО, и по истата логика бараат ново Обвинителство. Но, состојбите сега се сосема поинакви од тој период“, категоричен е Јовески.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека СДСМ тргува со правдата, и дека судството и обвинителството се ставени под целосна контрола на премиерот Заев, а претседателот на партијата Христијан Мицкоски побара нов независен обвинителен орган кој ќе ги испита случаите отворени од постојното СЈО, и кој ќе има можност да ги доиспита и анализира незаконски прибавените снимени материјали.




Слично

Поврзани вести