Јовески: Тубите не се причина за пожарот
Патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, тубите не се причина за пожарот, вели обвинителот Љубомир Јовески.
„Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште“, изјави државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во дневникот на ТВ Сител.
Тој информира дека нашето ОЈО има такви списоци со имиња на лицата во автобусот, преку запленетите компјутери од фирмата „Беса транс“, како и информации од Царинската управа, при напуштањето на автобусот од земјава.
Во однос на присуството на туби со нафта во автобусот, обвинителот изјави дека тие биле во просторот до моторот, но дека тие не се причина за пожарот.
Слично
