Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовески одговори до каде е случајот за Никола Саздовски

Јовески одговори до каде е случајот за Никола Саздовски

Случајот за Никола Саздовски, момчето кое беше претепано од тројца насилници по што почина,  не е затворен и истражувањето продолжува.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска, на собраниска седница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека случајот се истражува. 

Јовески нагласи дека во овој момент не може да каже дали истрагата ќе биде проширена.

„Ве уверувам дека за секој што ќе се утврдат криминални дејства со соодветни докази, ќе биде поднесено соодветно обвинение. И во овој момент Обвинителството постапува во овој случај, но дали истрагата ќе биде проширена во овој момент не можам да соопштам. Тоа ќе зависи од вештањата и доказите“- вели  јавниот обвинител.

За Саздовски праша пратеникот Павле Богоевски.

Слично

Поврзани вести