Јовески: Деновиве очекувам одлука за модуларната болница во Тетово
Пефот на Основното јавно обвинителство, Љубомир Јовевски, во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање рече дека предистрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 пациенти е при крај и дека очекува одлука дали ќе има одговорност за одредено лице.
- ОЈО од почеток пристапи одговорно, беа направени вештачења од технолошки факултет, вештачење на електричната инсталиација, но јас нема да ги изложувам сите дејствија кои се превземени со оглед на фазата во кјоја се наоѓа предметот. Сакам да ве уверам дека Обвинителството целосно го истражува овој случај и за евентуалните дилеми и одговорности на определни лица, ќе даде одговор.
При крај е овој дел од постапката и за брзо време деновиве очекувам ОЈО Тетово да донесе одлука во врска со овој настан, одговори Јовевски.
Со вештачењето се утврди дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, според верзијата што ја соопшти ОЈО.
Седум месеци по несреќата во модуларната болница во Тетово познати се причините, но се уште не се лоцирани и одговорните. На 8 септември, минатата година во болницата во која се лекуваа пациенти заразени со Ковид-19 животот го загубија 14 лица. Истрагата ја предводеше тетовското обвинителство. Во истрагата учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, а нивниот извештај од седум страници беше доставен до обвинителството во средината на јануари.
