Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовески: Да се врати угледот и авторитетот на професијата јавен обвинител

Јовески: Да се врати угледот и авторитетот на професијата јавен обвинител

Јавните обвинители во основите јавни обвинителства се столбовите на обвинителската организација и тие треба да се првите заштитници на правната држава и на почитувањето на човековите права, порачал државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на колегите од Основното јавно обвинителство Скопје на средбата одржана пред Нова година. 

Јовески рекол дека целта кон која ќе се стреми во натамошното работење, на институцијата и професијата - јавен обвинител да се врати угледот и авторитетот, почитта и законитоста во постапувањето.

Тој ставил акцент на самостојноста во постапувањето на јавните обвинители, истакнувајќи дека негова заложба која во своето работење им ја гарантира на јавните обвинители е дека нема да бидат изложени на притисоци. Нивна основна задача е да се почитуваат и спроведуваат законите, да се разменуваат правни мислења, да се решаваат предметите во време и на начин кој ќе ја гарантира законитоста.

„Јавното обвинителство на Република Македонија е единствен самостоен државен орган кој е гарант на заштитата на правата на граѓаните на Република Македонија и на владеењето на правото. Токму затоа сите имаме одговорност за своето работење, која во иднина ќе биде квантитативно и квалитативно вреднувана“ - рекол Јовески. 

На средбата со јавните обвинители од скопското Јавно обвинителство, Јовески побарал во следниот краток период да ги преземат сите потребни дејствија по предметите по кои постапуваат, да се донесат правични и законски одлуки, засновани врз утврдени докази.

Слично

Поврзани вести