Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јовески чека од пратениците конечно да го преземе Јавното обвинителство

Јовески чека од пратениците конечно да го преземе Јавното обвинителство

Љубомир Јовески по 7 месеци на промена на власта и по неизбежното разрешување на Марко Зврлевски е се поблиску до преземање на челната позиција во Јавното обвинителство и се чека само на потврда на пратениците во Собранието, за што според сите досегашни сигнали има позитивен став.

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 22. седница на која пратениците треба да гласаат за именување нов државен јавен обвинител, откако на 15-ти овој месец ја завршија расправата по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде именуван на оваа функција.

За именување на јавен обвинител, Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас на пратениците. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

Досега привремен вршител на функцијата беше Лилјана Спасевска, откако Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август годинава.


Слично

Поврзани вести