Јове Кекеновски го потсети Мукоски како некогаш гледал на Груевски
По вчерашната бурна седница во Собранието, професорот Јове Кекеновски на својот Фејсбук праша кој е вистинскиот Крсто Мукоски.
„И еве денес гледам и слушам некој Крсто ,,независен” пратеник како од говорница на Собранието на Република Македонија говори нешто лошо за бегалецот Груевски. Аууу си велам да не нé слушнав добро и проверувам по другите медиуми дали добро сум слушнал и видел или пак сум се препознал и не сум разбрал добро. Цел после ручек си велам истот ли е овој Крсто денешниов ,,независен” пратеник, со оној Крсто голем (најголем) грујовист од пред седум-осум години кој во Груевски небарем господ гледаше.А… Крсто ќе кажеш ли нешто плус?. Истиот ли си или јас јалнаш сум?, напиша Кекеновски.

„Јас направив грешка што ја отворив вратата, а вие и оној што избега ја насочувавте толпата да оди горе оти таму бил Зоран Заев“, му рече Мукоски на Антонио Милошоски.
Претходно Милошоски го обвини дека ќе гласа за Законот за Јавно обвинителство затоа што сега од власта добива тендери.
