Јовановски: Заев ќе воведува демократија, а само еден ден дебатираме за новата влада
Новиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Јовановски смета дека програмата на Заев е само параван за нови предавства кои ќе и се случат на Република Македонија.
- Мандаторот вели дека ќе вовел демократија, кас се прашувам каква е таа демократија кога за разгледување на програмата и составот на новата влада имаме на располагање еден, но со оглед на тоа колкава е програмата, можеби тој еден ден е и многу за анализа. За колегите кои ќе бидат во реформската влада да знаат дека програмата која не победила на избори не може да биде програма на Македонија. Оваа програма според мене е параван или т.н. Потемкинови села за се што допрва ќе се случува во Република Македонија, рече Крстевски.
Дебатата ќе трае до полноќ, а потоа пратениците ќе гласаат за новата Влада по предлог на мандаторот Зоран Заев.
