Јовановски: Јана е супер студент, Малчески: Ги погазивте принципите
Јавноста започна да реагира со фејсбук-статуси на денешната вест која ја пренесоа медиумите, а ја објави Магазин, дека ќерката на министерот за надворешни работи Никола Димитров, Јана Димитрова, добила стпендија од 40.000 долари за да студира и лета во холандски утрехт во времето кога со Министерството за образование и наука раководеше Рената Дескоска.
Актуелната министерка за правда го потврди случајот, но рече дека Јана ги исполнила условите, односно дека нема злоупотреба на службена должност и судир на интереси.
„ Нема ниту нејзино привилегирање, ниту дискриминирање на кој било друг кандидат. Тоа може да се види и од списокот на кандидати и од списокот на лицата кои конкурирале. Секој студент којшто ги исполнува строгите критериуми за упис на најдобро рангираните 100 универзитети има право да добие стипендија и не смее да биде дискриминиран, а истото важи и за ќерка на сегашен функционер“, изјави за „Макфакс“ Дескоска.
Во меѓувреме се јавија и првите реакции на социјалните мрежи, меѓу кои и новинарот Борјан Јовановски.·
„Придај Боже деца како Јана Димитрова кои се успешни студенти кои котираат добро на универзитетите во Европа. Патем добитник на стипендија е и синот на Латас. Оставете ги децата понатсрана од полтичките пресметки!“, напиша Јовановски.
Спротивно мислење има политичарот Самоил Малчески од фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен лидер на студентите.
