Јован Трпеноски: Иванов не може да го помилува Груевски, еднаш веќе тоа го стори
Поранешниот главен јавен обвинител Јован Трпеноски вели дека претседателот Ѓорѓе Иванов не може да го помилува екс-премиерот Никола Груевски за случајот „Тенк“ затоа што тоа веќе еднаш го направил и увидел дека тоа не е можно без постапката да мине низ процедурите.
- Иванов еднаш го помилува Груевски во фамозните аболици и увиде дека тоа не е можно без постапката да помине низ Министерството за првада. Веќе е донесена правосилна одлука за тоа и тука приказната е завршена - вели Трпеноски за „Фактор“.
Поранешниот премиер Никола Груевски има можност да биде помилуван од претседателот Ѓорге Иванов, претходно објави „Фокус“, Правото на претседателот му го дава Законот за помилување.
Постапката за помилување се поведува по молба на осуденото лице или пак по службена должност. Доколку Груевски одлучи да бара помилување сигурно тоа ќе го стори сам, бидејќи по службена должност молбата ја поднесува Министерството за правда.
Сепак наместо Груевски, молбата може да ја поднесе неговата сопруга, Боркица, роднина по крв во прва линија, на пример Сашо Мијалков, како и брат, сестра, посвоител, посвоеник, хранител или старател, односно неговата мајка Нада Груевска.
Молбата за помилување се поднесува до Кривичниот суд од каде што треба да му ја испратат на претседателот, кој потоа ја носи одлуката, која во овој случај не е можна.
