Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈОВАН МИТРЕСКИ Е НОВ СОБРАНИСКИ СПИКЕР: Какво ветување даде пред пратениците?

ЈОВАН МИТРЕСКИ Е НОВ СОБРАНИСКИ СПИКЕР: Какво ветување даде пред пратениците?

Јован Митрески е нов претседател на македонското Собрание. 

Досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески е нов претседател на македонското Собрание. За неговиот избор за собраниски спикер гласаа 65 пратеници, а 40 беа против. Тој вети дека ќе биде отворен за соработка со сите пратенички групи. 

„Верувам дека заеднички ќе продолжиме да ја јакнеме демократијата бидејќи за млади демократии како нашата тоа е важно да го правиме секој ден“, рече Митрески. 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, пак, кажа дека „денес е голем ден во кој оваа власт продолжува пополека, но сигурно дел по дел, функционер по фунцкионер да се руши како кула од карти“. Граѓаните во мај ќе гласаат на избори. 

Слично

Поврзани вести