Јован Митрески: Опозицијата го избриша сајтот со програмите на градоначалниците, бараат инцидент во Собрание
Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека опозицијата сака да искреира инцидент во Собранието и затоа околу 30-40 процедури, меѓу кои закони, именување на амбасадори како и четири уставни судии се закочени.
- Имам чувство дека имаат желба да се искреира некаков инцидент, но ние гледаме низ разговор да се поминат овие блокирани закони. Станува збор за 30-40 работи за кои им даваме можност на разговорите, меѓутоа внимаваме да не го предизвикаме тоа што го очекува опозицијата, рече пратеникот во студиото.
Митрески додаде дека опозицијата има забелешки и за новото законско решение според кое минималната плата треба да се зголеми на 18.000 денари. Дополнителното барање на опозицијата ќе биде да се нивелираат платите во сите сектори споре минималната плата.
Тој додаде дека со ваквите постапки треба да се прикаже власта како неспособна пред јавноста, откако опозицијата го исклучила својот сајт каде што биле програмите на градоначалниците избрани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери.
