Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јован Митрески: Базенот во Струга не се изгради, активирана е банкарската гаранција од 25.000 евра

Јован Митрески: Базенот во Струга не се изгради, активирана е банкарската гаранција од 25.000 евра

Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ, објави дека е активирана банкарската гаранција со која 25.000 евра му биле одземени на изведувачот кој досега требаше да го ревитализира и врати во функција затворениот базен во Струга.

Изградбата на овој базен беше најавена уште во 2017, но стружани на социјалните мрежи се пожалија дека една година ништо не било чепнато од овој најавен проект за санација и реконструкција. Пратеникот од СДСМ, инаку стружанец, синоќа објави дека била активирана банкарската гаранција.

„Изведувачот на реконструкцијата подолго време не ги извршуваше работите според склучениот договор. Според склучениот договор требеше да заврши до крајот на 2021, иако сам ветуваше дека ќе заврши до есента 2020. Според информациите што ги имам, договорот е раскинат и активирана е банкарката гаранција од околу 25.000 евра. За неизвршена работа плаќа околу 25.000 евра. Ќе има нова објава и избор на друг изведувач. Според законските процедури за 2-3 месеци треба да продолжи.

На крајот едно да биде јасно. После целиот вложен труд и вклученоста на многу луѓе ова нема да застане. Тоа што сме започнале, заедно со сите, ќе го завршиме. Досега така било, така и ќе продолжи да биде!“ објави Митрески.

Најавите беа дека базенот ќе биде пуштен во употреба во 2020-та година, иако рокот бил до крајот на 2021.


Слично

Поврзани вести