Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

Јован Деспотовски од СДСМ во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека гласовите за кандидатот за претседател Максим Димитревски биле од разочарани членови на СДСМ.

„Да бидеме реални, ако гледаме како бројка вклучително и тие што ги освои нашиот кандидат, гласачкото тело е тука, и тоа е една охрабрувачка порака за сите оние кои што гравитираат околу СДСМ“, вели Деспотовски.

Тој додава дека клучното прашање е што треба сега да направат.

„Новото партиско раководство дефинитивно треба да подаде рака кон избирачите, кон нашите членови кои што во првиот круг ,а дел од нив и во вториот круг сега, заокружиле за Максим Димитриевски“, додаде Деспотовски.

Слично

Поврзани вести