Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јотова во ненајавена посета на Скопје и бугарските организации? Бугарската заедница се соочува со различни предизвици

Јотова во ненајавена посета на Скопје и бугарските организации? Бугарската заедница се соочува со различни предизвици

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова на ненадејната средба во Скопје со претставници на бугарската заедница во Република Македонија, пренесе БГНЕС.

Јотова особено внимание посвети на инцидентот со претепаниот Христијан Пендиков. Таа нагласи дека властите во Софија будно ја следат истрагата за овој случај. 

На средбата што се одржа во бугарската амбасада учествувале, како што пренесуваат медиумите, познати научници, политичари, бизнисмени и граѓани.

„Правата за кои се бореше Левски се актуелни и денес. Конкретно за бугарската заедница во Македонија, која се соочува со различни предизвици и се бори за своите права, за кои Бугарија цврсто стои зад вас“, рече Јотова.

Според неа, од особено значење е соработката меѓу бугарските културни клубови и граѓанските организации. 

„Бугарската заедница во Македонија има богато културно наследство кое заслужува да се слави и зачува. Промоцијата на бугарската култура и традиции во Македонија ќе ја зајакне бугарската заедница и ќе доведе до поблиски односи меѓу Бугарија и Македонија“, смета таа.


Слично

Поврзани вести