Јотова утре свечено ќе му врачи бугарско државјанство на Христијан Пендиков
Христијан Пендиков од Охрид утре на свечена церемонија ќе добие бугарско државјанство.
Документите ќе му ги врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. Таа го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.
Церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија,во 14.30 часот. Во оваа сала се одржуваат многу важни настани.
Три лица на почетокот на годинава во Охрид го претепаа Пендиков. Бугарија со владин авион го однесе на лекување во Софија. Пендиков доби повеќе привилегии во Бугарија и остана таму. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети” во Охрид. Инаку, во интервју за бугарска телевизија тој обвини дека Бугарите во Македонија се лошо третирани, што наиде на осуда во Македонија.
