Јотова: Престанете да ја прикривате писменоста создадена од Бугарите
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова изјави дека не треба да се прикрива фактот дека кирилицата е создадена од Бугарите.
„Ние му дадовме нешто на светот. Престанете да ја прикривате писменоста создадена од Бугарите“, вели Јотова.
Таа ги нагласи и „перспективите за кирилицата во дигиталната ера и дали се заканува изумирање“. Јотова коментираше и за наставата на бугарскиот јазик во странство – на 39 катедри. За неа тоа е малку и побара од научниците на Меѓународен кириличен форум да ги анализираат причините и дополнително да ги развијат катедрите. На форумот учествуваат познати бугарски научници од Австрија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Литванија, Полска и Србија, како и бугарски средновековнисти.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев вели дека Бугарија ѝ даде букви и писменост на Европа уште пред 12 век, благодарение на старобугарската книжевност која никна во Преслав и во Охрид, Бугарија стана втор центар на цивилизацијата после Византија.
Слично
