Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈОТОВА ПОРАЧУВА ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ: Вели местото и е во ЕУ и НАТО

ЈОТОВА ПОРАЧУВА ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ:  Вели местото и е во ЕУ и НАТО

Потпретседателката на Бугарија, Илиана Малинова Јотова вели дека Македонија нема време за губење и треба да влезе во ЕУ и НАТО. 

Таа објаснува дека Бугарија отсекогаш го прифаќала, го бранела и гарантирала правото на Република Македонија да стане полноправна членка и во Европската унија и во НАТО. 

„Нашата држава беше прва што ја призна Македонија во 1992 година и сега е точно време да видиме кои се заедничките проекти кои можеме да ги направиме заедно за младите луѓе да останат во Бугарија и во Македонија. Да не го губиме нашиот потенцијал, а тоа се случува само со работа и вработувања“- вели во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС Јотова која утре доаѓа во посета на Македонија.

Таа нагласи дека нејзината посета има работен карактер и дека ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Во нашата земја има многу убава поговорка „Железото се кове додека е жешко“. Само пред неколку месеци од двете страни беа демонстрирани нов тип на односи. Овие односи не треба да се оставаат исклучиво врз основа на документот на договорите и потпишаните договори. Ние знаеме дека Договорот за добрососедство и соработка се очекува да биде ратификуван со Република Македонија“ - појасни Јотова.

Вели дека најважно е да има развој на билатералните односи и затоа секоја прилика треба да се искористи.

Слично

Поврзани вести