Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јотова порача дека со помош на ЕУ мора да се најде решение

Јотова порача дека со помош на ЕУ мора да се најде решение

Ова се првите чекори во одмрзнување на односите меѓу Македонија и Бугарија,  вели бугарската потпретседателка Илијана Јотова во интервју за Бугарското национално радио. 

Таа изјави дека ова се првите чекори  откако односите меѓу двете земји достигнале прилично безнадежна точка на развој, јави дописникот на МИА од Софија.

„Со напорите на Европската Унија, мора да се најде решение за обете земји, за да се исполни Договорот за добрососедство од 2017 година и при тоа да не се избрише меморијата ниту на Бугарија, ниту на Северна Македонија“, изјави Јотова. 

Таа дека Владата на Бугарија, Министерството за надворешни работи и претседателот Румен Радев ќе испратат добри пораки до европските партнери на Бугарија.

Слично

Поврзани вести