Јотовa: Палењето на дипломатските возила во Скопје е напад над Бугарија
Палењето на дипломатски автомобили - ова е сопственост на бугарската држава, го прифаќам како напад врз Бугарија. Ова го изјави претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, пренесува БГНЕС.
Таа додаде дека ова прашање ќе биде покренато и пред Европскиот парламент од страна на бугарските европратеници.
„Колку што знам, во моментов се водат консултации во различните парламентарни групи. Се надевам дека моите колеги европратеници ќе можат да зборуваат за вчерашниот инцидент“, рече Јотова.
Министерството за внатрешни работи информира дека веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје вчера било уапсено едно лице.
Слично
