Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јотова отвора училиште на бугарски јазик во Албанија, Николоски бесен: Таму нема Бугари!

Јотова отвора училиште на бугарски јазик во Албанија, Николоски бесен: Таму нема Бугари!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, веднаш упати реакција на социјалните мрежи по информацијата дека потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, е во посета на Албанија пред пописот во оваа земја и каде треба да отвори училиште на бугарски јазик во Елбасан.
„БУГАРИ ВО АЛБАНИЈА НЕМА! ИМА САМО МАКЕДОНЦИ ОД КОИ НЕНАРОДНАТА ВЛАСТ СЕ ОТКАЖУВА!

Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината!

Бугари во Албанија нема, има Македонци кои матичната држава Македонија не ги штити и ги остава сами на себе.

За брзо време ненародната власт на СДСМ и ДУИ во Македонија ќе падне и Македонците и во Албанија и во цел свет ќе бидат со гордо крената глава!“, изреагира експресно Николовски.

Од денеска до 16 септември Јотова ќе престојува во Република Албанија, каде ќе ги посети Голо Брдо, Елбасан и Тирана. Јотова беше првиот бугарски државник кој ја посети бугарската заедница во Албанија веднаш по нејзиното официјално признавање во 2017 година.




Слично

Поврзани вести