Јотова не гледа причина зошто да го сменат односот кон Македонија
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова вели дека не гледа причина зошто треба да ја сменат позицијата кон Македонија.
Бугарија, додаде Јотова, ќе ја чека одлуката на Република Северна Македонија, бидејќи нејзиниот премиер Зоран Заев поднесе оставка, и ќе се разгледаат новите предлози од европските партнери. Таа смета дека сепак, нема да понудат ништо ново.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, најважно е да се изготви патоказ што да се прави отсега натаму на билатерален план.
Премиерот Кирил Петков даде временска рамка од 6 месеци, но за македонските власти тоа е многу време. Власта во Македонија претходно имаше надеж дека месецов може да се тргне бугарското вето, за да почнеме преговори со ЕУ. Најавена е промена на македонските учебници, по историја, географија и литература.
