Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јотова: Македонија не треба да се лаже дека постои полесен пат до ЕУ преку лобирање

Јотова: Македонија не треба да се лаже дека постои полесен пат до ЕУ преку лобирање

Бугарската претседателка Илијана Јотова изрази сериозна загриженост поради информациите дека Македонија интензивно лобира кај европските партнери за да го заобиколи отворањето на првиот кластер од преговорите со Европската Унија(ЕУ). Според неа, ваквите обиди се нереални и во спротивност со преговарачката рамка.

Јотова нагласи дека условите за членство се јасно дефинирани и дека не постојат „кратенки“ или политички маневри со кои би се избегнале обврските преземени со европскиот компромис. Таа упати директна порака до македонските власти дека фокусот треба да биде на реформите и уставните измени, а не на дипломатски обиди за изнудување отстапки.

„Македонија не треба да се лаже дека постои полесен пат до ЕУ преку лобирање за заобиколување на првиот кластер. Условите мора да се исполнат“, рече Јотова. 

Таа додаде дека Бугарија внимателно ги следи сите чекори на официјално Скопје и дека европската солидарност не значи откажување од основните критериуми за добрососедство и почитување на правата на малцинствата. Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести