Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јотова ќе отвора канцеларија во Охрид

Јотова ќе отвора канцеларија во Охрид

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ќе престојува во посета на Охрид, каде пто е предвидено да присуствува на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти“.

Јотова, која вчера и денеска е во посета на земјава, заедно со бугарскиот премиер Кирил Петков,  утре во Охрид ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската влада како дел од програмата на Министерството за надворешни работи „Бугарска развојна помош“.

Јотова вчера во Битола одговори „Кои се тие Македонци?“, на новинарското прашање дали ќе им се признаат правата на Македонците во Бугарија.

Таа рече дека во Битола дошле за да ги поддржат Бугарите во Република Северна Македонија и да го отворат новиот клуб. Таа нагласи дека позицијата на Бугарија е непроменета во однос на почетокот на преговорите.


Слично

Поврзани вести