Јотова: Историската комисија не функционира во практика и не најде ниту едно решение
Бугарската потпретседателка за Мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата, Илијана Јотова вели дека Договорот за добрососедство, не е добар затоа што е премногу општ, рамковен и не се реализира.
Рече дека комисијата досега на нашла ниту едно решение.
„Само една година откако претседателот Румен Радев го постави прашањето за правата на македонските Бугари на европска маса, ова прашање доби поинаков карактер. Ми се чини дека нашата земја изгуби многу време потпирајќи се само на историски факти кои се далечни и неразбирливи за нашите европски партнери“, изјави таа, а пренесе бугарската новинска агенција „Фокус“.
Според неа, историската комисија, која беше формирана меѓу двете земји од дипломати и историчари, е нефункционална бидејќи нема право да носи политички одлуки. Пред неколку дена историчарите имаа онлајн средба, но повторно немаше епилог. Од македонска страна, еден член се повлече со образложение дека трпат притисоци од функционер во македонското Министерство за надворешни работи, но од МНР и од Владата ова го демантираа.
