Економија, финансии, бизнис

Контакт

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

Бугарија не го оспорува суверенитетот и јазикот на современите држави, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Таа даде ваква изјава по повод претходните изјави на македонските политичари. 

Јотова вели дека не спречуваат никого во самоопределување, но ќе се спречат обидите да се припише историјата.

„Ние не спречуваме никого во самоопределување, но многу ќе ги спречиме токму овие обиди да се припише историјата, на соодветни факти. Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство, бидејќи тоа е клучот за без спорови и конфликти. Науката, истражувањето, штити од искушението да се создаде фиктивна историја, што неминовно води до политички и билатерални или мултилатерални конфликти. Во последните неколку дена, во изјавите на некои политички и владини лидери на соседните земји за жал, токму тоа можеме да го видиме“, вели Јотова.

Бугарскиот премиер Димитар Главчев рече дека ќе ги потсети европските лидери кои се условите за Македонија за влез во ЕУ. Бугарија претходно ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ, а сега бара нашата земја да ги внесе Бугарите во Уставот. 

Слично

Поврзани вести